Полао, плао, пела, пилав, пилов, палао, пилау, пелау, пулао, палау, пулаав, палав, плов, палов, поло… Кога едно јадење има толку многу имиња и кога е традиционален дел од менито во дури 30-ина земји во светот, кога од него потекнуваат шпанската паеља и азискиот бирјани, мора да станува збор за нешто навистина добро. И навистина е.
Пилавот е првенствено едноставен (се разбира, може да биде комплициран ако сакате), разноврсен и – што е најважно – многу вкусен. Во продолжение дознајте како го правеле домаќинките во поранешна Југославија.
Потребни состојки
• 2 копани;
• 2 наткопани;
• 4 големи моркови;
• 1 помала главица кромид;
• 1 ловоров лист;
• 250 грама ориз;
• сол и бибер;
• сушен растителен зачин;
• Масло.
Подготовка:
1. Згответе ја супата од пилешко месо и моркови со запржената главица кромид и ловоровиот лист. Додека се готви, додајте малку бибер во зрно.
2. На масло кратко пропржете го оризот, па полека додајте ја водата од супата и повремено мешајте.
3. Кога оризот ќе омекне, а супата ќе биде при крај, исчистете го месото од кожичката и од коските, а морковите исечкајте ги на подолги парчиња. Во оризот додадете ги пилешкото и морковите, зачинете по вкус.
4. Намачкајте ја тавата со масло, сипете го оризот со месото и морковите. Израмнете ја смесата и печете во загреана рерна 15-20 минути.