Познатата манекенка со години имала рак на дојка, а го победила на овој начин: „32 лекари тврдеа дека морам на хемотерапија, ѝ реков „не“ на стандардната медицина“

Точка

03/09/2024

17:14

9.820

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите супермодели на сите времиња, Ел Мекферсон неодамна откри дека пред 7 години имала рак на дојка. Болеста сега е во ремисија, а 60-годишната Ел признала дека одбила да се подложи на хемотерапија и покрај тоа што 32 лекари и експерти ѝ препорачале да го направи тоа.

Во нејзините претстојни мемоари, „Learning to Trust Yourself“, Мекферсон детално ја опишала нејзината битка со болеста, откривајќи дека била решена да го победи ракот на дојка со холистички пристап, наспроти лекарските совети.


„Тоа беше шок, беше неочекувано, беше збунувачки, беше страшно на многу начини и навистина ми даде можност да навлезам длабоко во себе и во мојата внатрешна смисла за да најдам решение кое ќе ми помогне“, изјави славната манекенка за „Women’s Weekly“.

Во 2017 година на Ел ѝ бил дијагностициран интрадуктален карцином, по што лекарот ѝ препорачал да се подложи на мастектомија со зрачење, хемотерапија, хормонска терапија и на крајот реконструкција на дојка.

Меѓутоа, жената која во младоста го доби прекарот „Телото“ поради нејзината совршена фигура, решила да не ја следи традиционалната медицина, што можеби и не е изненадувачки со оглед на фактот дека е позната по својот холистички начин на живот.


„Тоа беше прекрасна вежба да останам верна на себе, да си верувам себеси и природата на моето тело и начинот на дејствување што го избрав“, објаснила манекенката.

Ел додала дека се молела и медитирала на плажа во Мајами, кога заклучила дека не сака да го лекува ракот со лекови, туку со „интуитивен, холистички пристап воден од срцето“.

„Да се каже „не“ на стандардните медицински решенија беше најтешката работа што сум ја направила во животот. Но, да кажам „не“ на моето внатрешно чувство ќе беше уште потешко. Луѓето мислеа дека сум луда“, вели Мекферсон.


Манекенката откри дека изнајмила куќа во Феникс, Аризона на 8 месеци, каде што се справила со ракот на свој начин под водство на нејзиниот примарен лекар, доктор по натуропатија, холистички стоматолог, остеопат, киропрактичар и двајца терапевти. Таа вели дека секоја минута од нејзините денови ја посветувала на целосно закрепнување.

Болеста сега е во „клиничка ремисија“, но Ел вели дека претпочита да ја нарекува својата состојба „тотално здравје“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг