Трагедијата која му го одбележа животот: Бебан од „Семејно богатство“, момчето кое никогаш повеќе не беше исто – сега фронтмен на позната група

Точка

25/06/2024

20:46

5.372

Големина на фонт

а а а

Шармантниот Вукашин Марковиќ ја освои публиката пред повеќе од две и пол децении со улогата на Бебан во култната серија „Семејно богатство“ („Porodično blago“) на само 12 години, пишува „Стил“.

Денес е фронтмен на групата „Ајри еф-ем“, основана во 2001 година, во која пее, пишува текстови и свири на тромбон.


Го паметиме како мало момче со кратка коса, но сега изгледа сосема поинаку – има долга брановита коса и густа брада, а на понежниот пол ѝ се допаѓа дури и во овој рок стил.

Тој секогаш со задоволство зборува за своето учество во „Семејно богатство“.


„Никогаш не зажалив што го направив тоа, а сега се повторува десетта година по ред. Сето тоа е врежано во сеќавањата на луѓето“, изјави своевремено за „Прва“.

Марковиќ се држи настрана од медиумите, а во интервју за „Хелоу“, зборувајќи за неговата страст кон моторите, откри досега непознат детаљ за неговото воспитување и семејство.


Имено, неговиот татко останал хендикепиран по тешка несреќа.


„Уште како дете фантазирав за мотор, но татко ми беше против тоа. На 24, 25 години, кога се отселив од дома, мојот прв чин на независност беше купување мотор. Јас бев свесен за сè, а сега возам одговорно осум години“, раскажа тој, не сакајќи да споделува многу.




Спонзорирани линкови

Маркетинг