Ќерката на Илон Маск ја открила вистината за наследството: „Ме нервира што луѓето шират неточни информации, но...“

Точка

31/05/2025

11:30

1.388

Големина на фонт

а а а

Вивиен Џена Вилсон е едно од децата на Илон Маск од неговиот прв брак со Џастин Вилсон.

Но, Вивиен која е трансродна, во последниве години се дистанцирала од татко ѝ, па во 2022 година поднела барање за промена на името, наведувајќи дека не сака да биде поврзана со својот биолошки татко на ниту еден начин.


„Само да размислам – немам никакво наследство“

Сега Вивиен појаснила колку пари добива од Маск, и дека нема наследство ниту некој скриен фонд. Таа кажала дека Маск ја смета за „непо“ дете, а под „непо“ мисли на непотизам – идеја дека некој има предност или привилегија поради славните или моќни родители.

„Само да разјаснам, немам никакво наследство, ниту сакам. Очигледно. Не знам зошто луѓето го мислат тоа. Видов дека некој на ТикТок кажа дека имам 40 милијарди долари. Како не. Ме нервира кога одвреме-навреме ќе видам како се шират неточни информации. И натаму дефинитивно се сметам за непо личност и не се обидувам да ја глумам Кајли Џенер и она нејзиното дека сѐ сама постигнала“, напишала таа на социјалните мрежи.


Што мисли Маск за неа?

Изјавите на Вивиен доаѓаат откако Илон Маск рекол дека умот на неговата ќерка е „убиен од woke вирусот“.

Инаку, Вивиен е едно од бројните деца на Маск, и порано јавно говорела за тоа колку се оддалечила од него.

Изјавила дека со него не разговарала од 2020 година, како и дека ги сменила името и презимето, наведувајќи дека не сака да биде поврзана со својот биолошки татко на ниту еден начин и дека финансиски е независна.