Налогот за апсење на Шојгу е дел од хибридната војна, соопшти Русија

Макфакс

25/06/2024

19:10

880

Големина на фонт

а а а

Советот за безбедност на Русија денеска соопшти дека наредбата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу е „бесмислена“ и дека е дел од хибридната војна против Москва.

„Надлежноста на МКС не се протега на Русија и одлуката е донесена како дел од хибридната војна на Западот против нашата земја“, се вели во соопштението на Советот за безбедност, пренесе Ројтерс за руската новинска агенција ТАСС.

Претходно денеска МКС издаде налози за апсење на Шојгу, кој сега е секретар на Советот за безбедност, како и на началникот на рускиот Генералштаб, Валери Герасимов, за наводни злосторства за време на војната во Украина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг