„Се чувствував како тоа да ми го прави сопствениот татко“: Потресно сведоштво на Ива Илинчиќ за претрпеното злоставување, адвокатот на Мика Алексиќ повторно казнет!

Точка

24/06/2024

21:15

4.244

Големина на фонт

а а а

Српската актерка Ива Илинчиќ се појави во Вишиот суд во Белград каде сведочеше во постапката против Мирослав Мики Алексиќ, кој е обвинет за повеќекратно полово вознемирување и сексуално малтретирање на ученички во неговото училиште.

Илинчиќ даде исказ како последна жртва во оваа постапка, а во судот се појави во придружба на нејзините родители.

Поддршка дадоа многубројни колеги, меѓу кои Александар Радојичиќ, Вања Ненадиќ, Светозар Цветковиќ, Мирјана Карановиќ, Бранка Катиќ и други личности од јавниот живот.


Во судот се појави и обвинетиот Алексиќ со неговиот адвокат, сопругата и поранешниот фудбалер Душан Савиќ. Пред Палатата на правдата, како и досега, имаше активисти со транспарент на кој пишува „Веруваме во Милена Радуловиќ“.

„Знаев дека школата на Мика е најдобрата актерска школа во Белград, а тоа го знаеја и моите родители, и тогаш отидов на аудицијата на Мика од школата на Ненад Ненадовиќ. Мика ни спомна дека има влијание на Факултетот за драмски уметности, но никогаш не ни гарантираше прием таму, само спомна дека голем број успешни актери се запишале на ФДУ од неговото училиште“, рекла Ива одговарајќи на прашања на бранителот Зоран Јаковљевиќ.

Илинчиќ изјавила дека Алексиќ имал голем авторитет над сите ученици и објаснила дека ги казнувал.

„Ако кажете нешто глупаво или нешто што не му се допаѓа, бевме казнувани и казната беше наречена „марш на миење“. Така бев казнувана повеќе пати и тие казни ме погодија бидејќи се плашев од Мика и не сакав да го разочарам, сето тоа лично го доживеав“, изјавила актерката која се расплакала во судницата по овој одговор.


Како што наведе во сведочењето, првиот настан поврзан со неа, за кој беше обвинет Алексиќ, се случил во февруари 2014 година.

„Непосредно пред тој настан му кажав дека сакам да се запишам на ФДУ и во тој период се случи првиот настан. Забележав дека чудно се однесува. Кога ме допре за првпат, забележав сексуална возбуда кај него, тој задишан, а тоа допирање ми го претстави како систематски преглед“, рекла Илинчиќ, а потоа се навратила на друг настан што се случил во мај 2015 година.

„За тој настан ѝ кажав на Маша Ѓорѓевиќ, бидејќи ни се случи на двете, не знаевме што всушност ни се случи, што значи и како да се однесуваме“, додала таа.

На прашање на адвокатот на одбраната, актерката рече дека забележала дека такво нешто ѝ се случило на Милена Радуловиќ бидејќи тогаш биле во друга група.

„Видов дека нешто чудно ѝ се случува, но видов дека не сака да зборува за тоа и тогаш не бевме доволно блиски. Подоцна се зближивме на факултет и потоа ми кажа што ѝ се случило“, објаснила таа.


Алексиќ ја брани својата слобода откако на 10 март 2023 година му беше укинат куќниот притвор, во кој беше од 10 септември 2021 година.

Режисерот и актер е обвинет за четири кривични дела силување, од кои две со продолжено времетраење и пет кривични дела сексуално вознемирување, од кои две се квалификувани и со продолжено времетраење.

Актерката Милена Радуловиќ прва го пријави за сексуално злоставување, а набрзо кон обвинувањата против него се придружија и Ива Илинчиќ и други девојки.


Тој беше уапсен на 16 јануари 2021 година и беше во притвор до 10 септември, кој потоа беше заменет со куќен притвор со електронско следење, по што куќниот притвор му беше укинат на 10 март 2023 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг