Мисајловски - Памер: изразена подготвеност за имплементација на новиот билатерален план за соработка со Австрија

Макфакс

05/02/2025

15:11

204

Големина на фонт

а а а

Министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер.

Мисајловски изрази подготвеност за поддршка и имплементација на новиот билатерален план за соработка со Австрија кој опфаќа широк спектар на активности од различни области.

„Ја цениме нашата заедничка соработка за која секогаш има простор за унапредување и развој. Преку заедничката одбранбена соработка ги развиваме и јакнеме одбранбените способности на нашите земји, а со тоа ја зацврстуваме и безбедноста“ рече Мисајловски.

На средбата беше заклучено дека преку заедничката одбранбена соработка ги развиваме и јакнеме одбранбените способности на нашите земји, а со тоа ја зацврстуваме и безбедноста на поширокиот регион.