Бил најголемата тинејџерска ѕвезда на планетата, а сега испливале најмрачните тајни: 3 жени го обвиниле за силување – една има церебрална парализа! „Плачев, а тој викаше на мене“

Точка

29/05/2024

18:40

4.672

Големина на фонт

а а а

Ник и Арон Картер некогаш биле многу популарни поп ѕвезди, па никој од фановите не можел да претпостави каква мрачна заднина се крие зад нив.

Новиот документарец, „Fallen Idols: Nick and Aaron Carter“, ја открива застрашувачката серија на обвинувања против Ник и како сето тоа влијаело на неговиот однос со покојниот брат. Овој документарец содржи интервјуа кои се фокусираат на обвинувањата против 44-годишниот Ник Картер, од страна на три жени: поранешните поп ѕвезди Мелиса Шуман, Ешли Рап и Шенон Шеј Руте.


Во серијата се појавуваат и поранешната девојка на Ник, Каја Џонс и поранешната свршеница, Мелани Мартин, кои ја откриваат темната страна од животот на браќата Картер.

Ник Картер, инаку член на некогашната исклучително популарна група „Backstreet Boys“, ги негирал сите тврдења на овие жени.

Документарецот започнува од Мелиса Шуман (39), која била членка на бендот „Dream“. Мелиса го обвинила Ник за сексуален напад во 2017 година. Таа раскажала како луѓето на Ник стапиле во контакт со нејзината издавачка куќа во 2001 година, тврдејќи дека тој изразил интерес за неа – но таа не сакала, бидејќи во тоа време имала момче. Откако ја добила улогата во „The Hollow“ во 2003 година, дознала дека Ник е поврзан со проектот.


Шуман, која тогаш имала 20 години, се присетила како Картер – кој тогаш бил во средните 20-ти бил многу весел на сетот.

Ник ја прашал: „Што правиш кога не си на снимање? Можеби би можела да дојдеш и да играш видео-игри со нас“, раскажала таа, нагласувајќи дека се согласила.

Страста меѓу нив двајца брзо се појавила, но уште побрзо таа сфатила дека сè се одвивало во погрешна насока.

„Ме фати за рака и ме одведе во тоалетот. Ми ги откопча панталоните и почна орално да ме задоволува, иако не го сакав тоа. Го изгасив светлото бидејќи не можев да се гледам себе, но тој го запали и кажа дека сака да ме гледа, што беше уште повеќе понижувачки“, зборувала таа низ солзи.


Според нејзините зборови, некој им тропнал на врата, а потоа Ник ја одвел во другиот тоалет и ѝ рекол сега таа него орално да го задоволи.

„Го одбив, а тој почна да се дере. Во тој момент ја стави мојата рака на него и јас одлучив да се согласам, бидејќи се исплашив дека можеби ќе стане насилен“, се потсетила.

Не ја почитувал нејзината волја дека не сакала односи пред брак

Мелиса изјавила дека нејзината ноќна мора не завршила, туку само што почнала.

Ник ја одвел во спалната соба и покрај тоа што таа му кажала дека сака да почека до бракот за да има односи. „Почувствував дека стави нешто во мене, не го видов тоа, не се ни потрудив. Го прашав што е тоа, а тој ми одговори: ’Тоа сум јас, душо‘. Се сеќавам дека се убедував себеси дека тоа е само лош сон“, зборувала таа.


Следниот ден била во состојба на шок и дури откако го раскажала сето ова на мајката на нејзина пријателка, во потполност сфатила што се случило.

„Ми рече: ’Душо, силувана си‘. Ми кажа да одам во полиција и да го пријавам. Меѓутоа, добив порака од Ник која гласеше: ’Зошто ме натера да го направам тоа?‘. Пораката ме заплаши. Сето тоа го раскажав на мојот менаџер, но тој ми кажа дека Ник го има најмоќниот адвокат во земјата. Бев во навистина ранлива позиција“, продолжила Мелиса.

Кога повеќе не можела да издржи, му раскажала сè на својот татко кој не можел да разбере зошто не сака да го пријави.

За Мелиса, следната препрека била враќањето на работа со Ник – за кој кажала дека се однесувал „како ништо да не се случило“. Кога завршиле со работата го променила својот број и одлучила да го избегнува до крајот на животот.

Средба после година и пол

Откако успешно го избегнувала година и пол, Шуман потпишала договор со Кенет Крир, но подоцна дознала дека тој е многу добар со Ник. Како што вели, се „заледила“ кога го видела првпат.

Шуман, која сега е мажена и има дете, изјавила дека не размислувала за тоа што ѝ се случило се до 2017 година кога жените го обвиниле Харви Вајнштајн. Потоа своето искуство го споделила на Интернет.

Ова предизвикало жестоки напади од фановите на Ник, кои ја обвиниле дека лаже.

Приказната на Мелиса го привлекла вниманието на поранешната девојка на Ник, Каја Џонс, која детално ја опишала нејзината бурна романса со него.


„Сакаше да контролира сè“

Каја изјавила дека Ник бил голем манипулатор и дека знаел како да „влезе во главата кај луѓето“. Таа тврдела дека Ник ѝ покажувал порнографска содржина ѝ ја принудувал да го прават истото, што таа одбила. Набргу потоа парот раскинал.

Третата жена, Ешли Рап, го обвинила пејачот дека ја нападнал во 2001 година кога имала само 15 години. Таа го запознала семејството Картер преку пријател и станала блиска пријателка со сестрата близначка на Арон, Анџела.

Таа, во една прилика, била на нивна забава, каде што се бакнувала со Ник и имала односи. Неколку дена подоцна. Ник побарал повторно да разговара со неа, а кога се сретнале пиеле многу алкохол ѝ од неа побарал орален секс.

На крајот имале незаштитен секс уште два пати, а еднаш Ник дозволил на своите пријатели да ги гледаат преку отворот на бродот. Ешли подоцна се препуштила на пороците за, како што вели, да заборави на сè.


Ник ги негирал и нејзините обвинувања.

Последното обвинување било пред две години

Во декември 2022 година, се појавило уште едно обвинение против Ник. Шенон Рут, поднела тужба против него, тврдејќи дека ја силувал во 2001 година кога имала само 17 години. Ова довело до тоа Шуман и Реп да поднесат и свои тужби.

Рут, која има дијагноза од спектарот на аутизам и церебрална парализа, тврди дека Ник ја силувал во неговиот автобус за турнеја.

„Плачев, а тој викаше на мене: ’Престани да плачеш‘. Мене ми беше толку психички збунувачки. Ме натера да легнам и ме соблече, па орално ме задоволуваше“, раскажала.


Ник ги негирал и нејзините обвинувања.

Односот со брат му

Семејството и пријателите на Картерс објасниле дека кога Ник наполнил 18 години, тој ги отстранил родителите како негови менаџери, а финансискиот стрес бил ставен на Арон, кој во тоа време имал само 10 години.

„Ниту едно дете не треба да размислува за благосостојбата на своето семејство на таа возраст“, зборувал Џон Спадинг, роднина на Картерс.

Според блиски луѓе, во 2001 година, кога Арон бил тинејџер, тој снимал серија, а на снимањето дознал дека целото негово семејство е на одмор без него.


„Тој беше толку лут на своето семејство, што потоа зеде нож и го стави на глава“, се присетил менаџерот на турнејата.

После тоа, неговите родители не дошле во Њујорк за да го видат.

„Притисокот за Арон се влошил од страна на неговата мајка. Џејн била во мозокот на Арон сето време“, објаснила Џен, семејна пријателка.

„Секогаш кога Арон не сакаше да направи нешто, неговата мајка би рекла: ’Мислиш ли ти дека Ник некогаш зема пауза?‘. Еднаш неговиот татко му кажа дека никогаш нема да биде како неговиот брат“, продолжила таа.

Џејн и Боб Картер официјално се развеле во март 2003 година и недолго потоа, Арон ја обвинил мајка си дека му украла повеќе од 100.000 долари, а потоа ги прекинал сите односи со неа.


Смртта на сестрата

Луѓе блиски до Картерс ја опишале злоупотребата на дрога и алкохол како главната причина за распадот на семејството, како и вината која е наметната на Ник откако неговата помала сестра починала во 2012 година. Нивната друга сестра Боби, починала во декември 2023 година од предозирање со дрога на 41-годишна возраст.

„Ник и Арон се жртви на лошо родителство, лоши избори, запоставување“, зборувал пријател и додал дека „алкохолот, одиграл голема улога во пропаста на целото семејство“.


Како што растел Арон, неговото ментално здравје се влошувало. Арон бил пронајден мртов во својата куќа на 5 ноември 2022 година, на 34-годишна возраст, од страна на неговата куќна помошничка, а докторот заклучил дека се работи за предозирање. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг