[ФОТО] Никогаш посреќна: Најпознатата холивудска русокоса фатена во страсна сцена со 8 години постариот бизнисмен

Точка

16/07/2025

22:22

3.203

Големина на фонт

а а а

Актерката Рис Витерспун е повторно среќна во љубовта, а моментално ужива на летување со своето момче.

Актерката Рис Витерспун (49), веќе една година ужива во љубовта со бизнисменот Оливер Харман.

Ѕвездата од серијата „Big Little Lies“ и германскиот бизнисмен (57), биле фатени како уживаат на јахта близу Сен Тропе.

На фотографиите кои го обиколија светот и за кои пишуваат сите светски медиуми, можеме да видиме како познатиот пар се препуштил на страстите и дека одморот максимално им годи.

Актерката изгледала никогаш посреќно со својот избраник, а за сончање на јахта избрала едноделно бикини.

Пауза од нежностите и страстите актерката и нејзиното момче направиле единствено кога влегле да нуркаат.

Да ве потсетиме, нивната врска тие ја потврдиле во јули 2024 година, а тогаш извор за „People“ рекол дека најпознатата „правна русокоса“ се впушта полека во љубовта со своето ново момче.

„Ужива во тоа, но не сака преголем фокус да се става на тоа. Зафатена е со работата и синот. Тоа ѝ се најголеми приоритети во животот“, изјавил изворот тогаш.

Рис има 12-годишен син Тенеси од бракот со Џим Тот од кој се разведе по 12 години.


„Уживавме толку прекрасни години заедно и одиме напред со длабока љубов, добрина и заемна почит кон сето она што заедно го создадовме“, напишале тогаш тие и додале дека нивниот син им е најголемиот приоритет.

Актерката има уште еден брак зад себе. Од 1999 до 2008 година била венчана за Рајан Филип со којшто има две деца Ава Филип и Дикон Филип.