Откако ја објавија веридбата во декември 2024 година, една од најочекуваните свадби во Холивуд, онаа на Селена Гомез и Бени Бланко започнаа но во голема тајност.
Селена и славниот музички продуцент ќе разменуваат завети на интимна церемонија на есен, поточно во септември во Калифорнија, според „Дејли Меил“.
„Свадбата на Селена и Бени ќе биде дводневен настан во Монтесито“, изјавил извор за овој медиум.
Свадбата наводно ќе се одржи само меѓу најблиските пријатели и семејство, а поканите веќе се испратени – меѓу нив и долгогодишната пријателка на Селена, Тејлор Свифт, и нејзиното момче, ѕвездата на НФЛ, Травис Келс.
„Сите поканети се замолени да останат за време на викендот“, рече инсајдер.
„Иако се работи само за пријатели и семејство, многу од пријателите на таа листа се големи ѕвезди, вклучувајќи ги Тејлор Свифт и Тревис Келс, колегите на Селена од „Only Murders In The Building“, како и музички суперѕвезди кои се пријатели на Бени и со некои од нив тој соработувал“, вели изворот.
Парот наводно има проблеми да ја вклопи свадбата во зафатениот распоред на Тејлор Свифт, со која Селена е во пријателска врска со години.
„Селена навистина ужива во тоа што е вереница сега, но отсекогаш сонувала да се омажи“, рече друг извор.
Порано овој месец, продуцентот на хит-песната „Diamonds“ откри дека нивната свадба ќе биде „лежерна, но неверојатна“, иако не споменаа датум.
Слаткиот пар наводно изјавил во шоуто „Today“ дека „не размислуваат за датум“ и дека „сè уште не почнале да планираат“. Потоа Селена нагласи дека моментално ја снима петтата сезона од популарната серија „Only Murders in the Building“, додека Бланко има други работни обврски, но музичарот Ед Ширан ги негираше.
„Тие испратија известувања за датумот, а јас веќе го потврдив моето присуство“, рече Ширан, долгогодишен пријател и соработник на Бени Бланко.