Контроверзниот рапер ги извадил забите и ги заменил со титаниумска протеза од 850.000 долари - еве како изгледа тоа

Точка

29/05/2024

16:12

5.215

Големина на фонт

а а а

Канје Вест на почетокот на оваа година ги отстранил сите заби и ги заменил со протеза од титаниум. Раперот кој потрошил околу 850.000 долари на ваквата експериментална стоматолошка операција, неодамна гостувал во една емисија, а во еден момент се насмеал.

Еве како изгледало тоа:


Доживеа ренесанса во кариерата

За потсетување, Канје кој го промени своето име во Је, во декември се ожени со Бјанка Ценсори, помалку од еден месец откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан.

Таа година, Вест изгуби голем број партнерски договори со „Adidas“ и други, по низа антисемитски коментари, вклучувајќи го и оној дека Евреите „се обидуваат да го отфрлат секој што се спротивставува на нивниот план“.


Сепак, оваа година тој доживеа ренесанса во кариерата по објавувањето на албумот “Vultures“ и соработката со пејачот Ty Dolla $ign. Албумот се најде на врвот на американските топ-листи и го создаде глобалниот хит „Carnival“, кој исто така беше број еден во САД.

Во декември 2023 година, Вест се извини за антисемитските забелешки, пишувајќи на хебрејски на социјалните мрежи: „Длабоко жалам за каква било болка што можеби сум ја предизвикал... Посветен сум на исправање на штетата и промовирање единство“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг