[ВИДЕО] Принцот Вилијам пришол на обожавателка, а поради неговиот коментар „гори“ интернетот: Кога ја здогледал во толпата без колебање одлучил да ѝ се обрати

Точка

13/03/2025

15:56

1.247

Големина на фонт

а а а

Принцот Вилијам вчера го посети фудбалскиот клуб Спортинг Калса во Вест Мидлендс, каде што бил пречекан од навивачите со транспаренти, меѓу кои и дама со светло црвена коса која му го привлекла вниманието. Во еден момент принцот ѝ пришол и ја поздравил, а потоа се пошегувал на своја сметка.

„Ах, твојата коса. Би сакал да имав таква коса! Изгледа фантастично. Веќе ја изгубив таа можност”, рекол тој, а потоа се насмеал и позирал со неа, а видеото стана вирално на социјалните мрежи.


Инаку, тој ден Вилијам го следел и тренингот на Астон Вила, неговиот омилен клуб, кој вечерта го играше осминафиналето од Лигата на шампионите против Клуб Бриж, а таму го пречекаа околу стотина деца и локални жители со кои се фотографираше.