[ФОТО] Вера Ванг го привлекува вниманието со младоликоста на 74-годишна возраст: „Како е можно да изгледаш вака?“

Точка

29/05/2024

09:01

17.512

Големина на фонт

а а а

Модната дизајнерка Вера Ванг позирала во костим за капење и собра бројни комплименти од следбениците благодарение на младешкиот изглед на 74-годишна возраст.

Во описот навела дека инспирацијата за позирање покрај базенот ја нашла во фотографиите на Слим Аронс и на сите им посакала пријатно лето.

„Како е можно да изгледаш вака? Морам да го оставам парчето пица кое го јадам“, „Прекрасна си“, „Вечна убавина“, „Ти старееш наназад“, се дел од коментарите.


Речиси секоја објава на Вера привлекува внимание на социјалните мрежи. Кон крајот на минатата година таа позираше со ќерките Сесилија и Џозефин, а многумина навеле дека личи како да им е сестра. Претходно таа ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед.

„Се занимавав со уметничко лизгање и бев балерина. Тоа некако останува со вас. Морам да бидам искрена - сонот е клучен. Мислам дека не би можела да постојам да не сум во состојба да спијам. Тука е и вотката. Коктелот со вотка на крајот на денот ми помага да прејдам од многу интензивен работен распоред на нешто поинтимна атмосфера“.


На 23-годишна возраст, Ванг стана најмладата уредничка на модниот магазин „Vogue“, а потоа работеше за „Ralph Lauren“. На 40-годишна возраст, таа одлучи да стане независна дизајнерка на венчаници, што беше успешен деловен потег.

Работела со бројни познати дами, меѓу кои: Мишел Обама, Мараја Кери, Челзи Клинтон, Алиша Кис и други.




Спонзорирани линкови

Маркетинг