Дали претераа? Погледнете го единствениот „SUV“ во понудата на „Aston Martin“

Точка

23/04/2024

10:24

4.657

Големина на фонт

а а а

„DBX707“ е единствен „SUV“ во понудата на „Aston Martin“, со што почетната цена ќе се крене на неверојатно ниво.

Верувале или не, ова е логична одлука. Две третини од купувачите на „SUV“ моделот на „Aston Martin“ во 2023-та година го бирале неговото топ издание, а оваа години дури 90 проценти од нив. Тоа е домен каде што очигледно не се прашува за цена, па ни веројатното кревање на почетната цена на околу четвртина милиони евра нема да биде пречка за пазарен успех.

Нов ентериер

И додека под капакот познатата приказна настанала во соработка со „Mercedes“ во облик на 4.0 V8 мотор со 707 коњски сили и 900 Nm, „DBX“ доби сосема нова кабина. Тоа е пресликување на приказната од „DB12“ и „Vantage“, што е можеби и најдобра опција. Со тоа ќе биде отстранет единствениот недостаток, а тоа е малку застарениот сет-ап на ентериерот од „Mercedes“ од 2020-та година.


Дигиталниот кок-пит вклучува централен 10,25-инчен екран и уште поголемиот 12.3-инчен пред возачот. Новиот оперативен систем носи нови функции, но и многу покомфорно користење. Подалеку од тоа не смеат да одат, велат во Астон Мартин и нагласуваат дека одредени физички копчиња мора да останат.


Наместо набројување на нови детали кои ни самите не би ги забележале со оглед на ексклузивноста на моделот, ќе го споменеме само совршениот „Bowers & Wilkins“ аудиосистем со 23 звучници и сила од 1600 W. За тоа треба да се доплати. Инаку на располагање ќе имате „обичен“ систем со 14 звучници и 800 W.


Пристигнала и нова палета на бои и стандардни 23-инчни гуми.

И на крајот, да кажеме дека „DBX“ со максимална брзина од 310 км/ч е еден од најбрзите SUV возила на светот, заедно со најдоброто од понудата на „Porsche“ и „Lamborghini“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг