Ова е најиновативниот автомобил во историјата! Го прославува 90-тиот роденден

Точка

02/05/2024

14:42

6.490

Големина на фонт

а а а

„Traction Avant“ бил единствен по тоа што во еден модел ги обединил сите најмодерни технички решенија за тоа време, како погон на предните тркала, монокок структура, хидраулични кочници и независна оска на сите четири тркала. Во тоа време е сметан за автомобил кој најдобро лежи на патот, најбезбеден и најкомфорен кој може да се купи.

Продадени повеќе од 760.000 примероци

Во текот на своето траење имал корист од технолошкиот развој и наречен а автомобил со 100 патенти. Неговиот аеродинамичен стил, инспириран од моделот "Streamline", брзо го направил симболичен модел на „Citroen“ кој ќе го издржи тестот на времето и ќе ја предизвика имагинацијата на борците против отпорот и гангстерите. Продадени се повеќе од 760.000 примероци на „Traction Avant“, а производството завршило во 1957-ма година.

Кога на почетокот на 1933-та година одлучи да ги замени „Citroen 8, 10 и 15“, кои биле претставени во октомври 1932-ра, Андре Ситроен имал идеја да оствари значајно влијание и да ја надмине цела конкуренција со лансирање на сосема нов револуционерен автомобил.


Автомобил од иднината

Неговата цел била да добие најмалку две години предност за исто така да се заштити од ефектите на глобалната економска криза од раните 1930-ти години која тогаш се чувствувала ширум Европа. Овој нов автомобил поради тоа бил посебно значаен и содржел максимални технички иновации.

Претставеното возило било навистина револуционерно, но развојот воедно бил толку скап што компанијата се нашла пред банкрот. Еден од најголемите поддржувачи, компанијата за гуми „Michelin“, ја преземала власта на компанијата, а Андре Ситроен починал само една години подоцна.

Меѓутоа, „Traction Avant“ со своите иновации останал. Тоа се целосно челичната монокок каросерија која ја елиминирала потребата за шасија и значајно го намалила тежиштето. Потоа погонот на предните тркала, моторот со вентили над главата на моторот, хидрауличната контрола на кочниците, независната оска на четири тркала и автоматскиот пренос. Меѓутоа, поради временските ограничувања, автоматскиот менувач бил изоставен од почетните производни модели од 1934-та.


Супериорно држење на патот

Освен овие технички иновации, „Traction“ без шасија имал спуштена, аеродинамична каросерија. На крајот, неговиот компактен склоп на мотор и менувач, со многу ниско тежиште, му овозможил максимална распределба на тежината напред. Првите новинари и возачи биле воодушевени од новиот "Citroen". Никогаш порано автомобил не овозможувал толку сигурно и лесно возење во сите услови, а неговото држење на патот поставило нов стандард.

Моторот бил моќен, сопирачките силни, а безбедноста беспрекорна. Овие квалитети, кои постојано се подобрувале, му обезбедиле на „Traction“ водство на сите останати автомобили, што довело до многу долга кариера која завршила во 1957-ма.




Спонзорирани линкови

Маркетинг