[ВИДЕО] Вака изгледа судир на најголемото и најмалото „Volvo“

Точка

02/05/2024

08:20

6.354

Големина на фонт

а а а

Со популаризацијата на електричните погони масата на возилата расте повеќе и побрзо, а се носи и одредени и последици за пасивната и активната безбедност на учесниците во сообраќајот.

Главниот уредник на „Automotive News Europe“ Даг Болдук имал можност да го посети центарот за безбедност на „Volvo“ во Торсланд во Шведска, каде присуствувал на интересен „краш тест“.

Во симулацијата на судир учествувале најмалото и најголемото електрично „Volvo“, односно „EX30“ и „EX90“.

Притоа бил избран посебно неповолен тип на судир, каде поголемиот автомобил удира во страната на помалиот. Притоа „EX90“ во моментот на судирот возел со брзина до 50 км/ч, додека „EX30“ возел со брзина од 20 км/ч.

Што се случува во сообраќајна несреќа во која учествуваат два автомобили со вкупна маса од пет тони, можете да видите во продолжение.



Спонзорирани линкови

Маркетинг