Дали коментарот на Маск треба да не загрижи? Еве кога очекува вештачката интелигенција да стане попаметна од најпаметната личност на светот

Точка

09/04/2024

23:05

8.506

Големина на фонт

а а а

Напредокот на вештачката интелигенција не може да се запре, но и на овој пазар постојат одредени предизвици кои би можеле да го забават развојот.

Во изминатата деценија, кога футуролозите зборуваа за моментот кога компјутерите или вештачката интелигенција ќе ја надминат човечката интелигенција, најчесто ја споменуваа средината на четириесеттите години на овој век како период кога може да се случи ваква револуционерна промена. Но, неодамнешниот развој на оваа технологија ги надмина сите очекувања и ги изненади дури и најголемите оптимисти, со што ја помести границата кога вештачката интелигенција може да стане попаметна од луѓето.

Во последно време сè почесто слушаме шпекулации дека тоа ќе се случи веќе во текот на оваа деценија, а според новото предвидување на Илон Маск, од тој момент нè делат само една или две години.


Извршниот директор на "Tesla", кој исто така управува со неколку други компании, вклучувајќи го и стартапот со вештачка интелигенција "Grok", за време на интервјуто со извршниот директор на норвешки фонд Николај Танген на неговата платформа X, зборуваше за напредокот на вештачката интелигенција и неговите очекувања за иднината. Ако ја дефинираме општата вештачка интелигенција како попаметна од најпаметниот човек, мислам дека тоа веројатно ќе биде следната година или во рок од две години, коментира Маск.

Што ќе се случи кога вештачката интелигенција ќе стане попаметна од луѓето не е познато, а некои стравуваат од сценарио како она во Терминатор и другите научно-фантастични филмови каде технологијата се сврте против луѓето и се обиде да го уништи човештвото. Се надеваме дека ваквите сценарија ќе останат само во филмовите, иако некои експерти претходно изразија загриженост за толку голем напредок во технологијата.


Предизвици во обуката за вештачка интелигенција

Што се однесува до обуката на неговата вештачка интелигенција, Маск рече дека целиот процес е попречен од недостатокот на напредни чипови – за моделот "Grok 2" користеле околу 20.000 графички чипови "Nvidia H100", додека за следниот модел (Grok 3) ќе бараат дури 100 илјади такви чипови. Покрај недостигот на чипови, тој го спомена и снабдувањето со електрична енергија како уште еден проблем за обука и развој на вештачката интелигенција, што треба да биде од најголема важност во текот на следните година-две.

Илон Маск го основаше "Grok" минатата година како конкурент на "OpenAI", кој го коосноваше и неодамна го тужеше за напуштање на првичнаta мисија да му помогне на човештвото, а не да развива вештачка интелигенција за профит.




Спонзорирани линкови

Маркетинг