[ВИДЕО] Путин ги постави главните задачи за Русија: „НАТО подготвува напад врз Русија, но мора да разберат дека и ние имаме оружје што може да ги порази на нивна територија“

Точка

29/02/2024

11:24

6.121

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го држи својот 19-ти говор за состојбата на нацијата во Федералното собрание, во кој ќе ги зацрта главните задачи за следните шест години.

Рускиот претседател на почетокот на говорот рекол дека секое обраќање во Федералното собрание е поглед кон иднината.

„Ја одбивме агресијата на меѓународниот тероризам, го сочувавме единството на земјата и не дозволивме да се распарчи“, рекол Путин.

Говорот на Путин почнал со краткорочните планови за рускиот народ.

Ја поздравил огромната поддршка на руското население за тоа што го нарекува „специјална воена операција“ во Украина. Ги пофалил и хероите на првите линии кои патат во рововите, но ја имаат поддршката од целата држава.

Тој рекол дека во руското општество доминираат вредности како што се милосрдие, заемна поддршка и солидарност.

„Ги поддржавме нашите браќа и сестри, нивната желба да бидат покрај Русија. Оваа година ќе се одбележат 10 години од Кримската пролет“, рекол тој.

Путин продолжил да зборува за војната во Украина. Западна Русија мора да биде соодветно заштитена по проширувањето на НАТО на Шведска и Финска, рекол тој и додал дека силите на НАТО подготвуваат напад на руска територија, користејќи „најделотворни сили за тоа“.

„Тие зборуваат за тоа дека Русија планира да ја нападне Европа, а ние самите знаеме дека тоа е глупост. Денеска веќе зборуваат за праќање на трупи во Украина. Тие треба да знаат дека Русија има оружје кое може да уништи цели на нивна територија. Треба да бидат свесни за тоа, дека таквите постапки провоцираат нуклеарен судир. Тие како да не се свесни дека такво нешто може да доведе до крај на човештвото. За нив сето ова е како цртан филм“, рекол Путин.

Говор во Федералното собрание

Путин држи говор пред Федералното собрание, а станува збор за годишното обраќање на шефот на државата кон двата дома на парламентот, во кое се оценуваат состојбите во земјата и се утврдуваат главните насоки на внатрешната и надворешната политика.

Тоа е еден од најважните документи за стратешко планирање, основна за утврдување на најважните цели и приоритети на социјално-економскиот развој и обезбедување на национална безбедност на земјата, пренесува руската агенција „Tas“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг