Македонците ќе плаќаат една третина поевтин роаминг во земјите од ЕУ

Макфакс

01/10/2023

15:21

2.297

Големина на фонт

а а а

Започнува намалувањето на цените за дата податоци во роаминг на Македонија со земјите од ЕУ.

Граѓаните и бизнисите во Македонијa, ќе плаќаат во просек една третина помалку од цената којашто сега ја плаќаат за дата податоци преку роаминг, кога патуваат во европските земји.

Намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, важат и за граѓаните од дијаспората и Европа, кога ќе претстојуваат во Македонија.

„Намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, е исполнување на Декларацијата за роаминг потпишана на Самитот ЕУ- Западен Балкан, што се одржа во декември минатата година, во Тирана. 38-те телекомуникациски оператори во ЕУ и Западен Балкан, лани на Самитот ЕУ-Западен Балкан, потпишаа декларација за сообразност, за значително намалување на јазот помеѓу роаминг тарифите и домашните цени меѓу ЕУ и земјите од Балканот. Оваа иницијатива ќе го намали јазот помеѓу роамингот и домашните цени меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан“, велат од министерството за информатичко општество и администрација.

Оттаму додаваат дека намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, ќе придонесе за поттикнување на развој на бизнисот, туризмот и зајакнување на врските помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.

„Исполнувањето на оваа Декларација е и уште една поддршка од ЕУ, но и силна потврда за нашата европска иднина и интензивната соработка на земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ“, пишува во соопштението од МИОА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг