Ливерпул изнуди попуст и доби нова „десетка“: Светскиот шампион слета на „Енфилд“

Дерби

08/06/2023

16:27

2.239

Големина на фонт

а а а

Ливерпул не успеа да донесе квалитетен играч во средниот ред минатото лето и тоа се одрази врз резултатите во сезоната која штотуку заврши, па токму поради тоа првиот потег кој го повлече Јирген Клоп е поправање на грешката.

Германскиот стручњак уште пред неколку месеци го пикираше Алексис Мекалистер како идеално засилување за неговиот Ливерпул, а ова попладне пристигна официјална потврда на трансферот.

Светскиот шампион потпишал повеќегодишен договор со великанот од „Енфилд Роуд“ и ќе го има првиот сериозен испит во клупската кариера по неверојатната авантура во Брајтон, но супер вест за Ливерпул е тоа што успеал да изнуди сериозен попуст со активирање на една клаузула во договорот.

Иако одредени медиуми првично пренесоа дека трансферот ќе изнесува 55 милиони фунти, „Скај Спортс“ сега тврди дека висината на отштетата изнесува само 35 милиони фунти.

Ливерпул во Алексис гледа големо засилување за новата сезона, а доказ за тоа е и фактот што му ја додели „10-та“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг