Еве како инспекторите го натерале момчето убиец да проговори: Коста долго молчел, а потоа го изустил ова!

Точка

07/06/2023

17:44

35.569

Големина на фонт

а а а

Детето „монструм“, Коста Кецмановиќ (13), кој во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар убил 9 ученици и чуварот на училиштето, го направил крвавиот поход со намера да би ја натерал сопствената мајка Миљана да страда, дознале „Република“ од блиски извори до истрагата.

Тој бил уапсен веднаш после злосторството, на 3 мај и истиот ден префрлен на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци. Истиот миг, најискусните полициски службеници ја започнале истрагата, обидувајќи се да од мозокот на најмладиот масовен убиец во историјата да го добијат клучниот одговор – мотивот на ова монструозно дело.


„Тоа беше навистина напорен процес. Нашите колеги досега немале прилика да се сретнат со ваков случај, иако буквално сè имаат видено во своите кариери. Требаше да се најде начин да му се пријде на „монструмот“, да допрат до него, но тоа наликуваше на „пеколна задача“, открил соговорникот на магазинот. Во ниту еден момент, по неговите зборови, кај Коста не виделе ниту малку каење, што ги шокирало: „Покажуваше толкава бесчувствителност и отсуство на емпатија, што е просто неверојатно“.


И покрај тоа што обидите да извлечат што било од него биле безуспешни со денови, инспекторите биле истрајни. „Одбиваше каков било разговор и со полицајците разговарал „од висина“, со некој презир во гласот. Дециден бил дека нема за што да разговара со нив. Го прашувале зошто ги убил своите другари и човекот со кој, му нагласиле, дека имал коректен однос, но тој одговорил само да го „остават на мир“ и дека немал намера да им објаснува било што. Бил безобразен и видно нервозен, а сепак сосема свесен дека во тие години не е кривично одговорен и дека не може да заврши во затвор“, открил извор кој бил добро упатен во истрагата.


На случајот работела цела екипа од инспектори, а тогаш Коста, на изненадување од сите, одлучил да се довери на еден од инспекторите. „Зошто токму на него, не знаеме, одеднаш во еден миг се одлучил да каже нешто. Рекол дека пресудниот момент бил кога чуварот Драган Влаховиќ му пришол и тогаш одлучил да направи масакр. И покрај тоа што во ранецот му биле спакувано сè што му било потребно за крвавиот поход – пиштол и молотови коктели, сепак бил неодлучен. Размислувал да ја побара мајка си и да ѝ признае сè, но тогаш се појавил чуварот од обезбедувањето, го прашал зошто доцни на час и како требало да побрза. Тогаш, мислејќи дека го откриле веќе, го ликвидирал Влаховиќ, а потоа продолжил да убива. Тогаш го обземал стравот“, продолжил соговорникот.


Сето тоа го раскажувал како да станувало збор за некој друг. А потоа, додал изворот од истрагата, следувал вистински шок за инспекторите: „На сето тоа додал дека единствено му било жал што не можел да ја види мајка си како страда. И дека му е криво што не ја видел нејзината реакција кога дознала што сторил. Меѓу редови, го дал одговорот која била причината што се одлучил на нешто толку монструозно – да ја повреди сопствената мајка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг