Радост за постарите, главоболка за помладите

Денар

30/07/2025

19:38

4.148

Големина на фонт

а а а

Одлуката на Владата за покачување на пензиите повторно ја подели јавноста. Пензионерите очигледно се најзадоволни – кој не би се израдувал на малку подебел паричник во овие инфлаторни времиња?

Но, од друга страна, економистите предупредуваат дека оваа мерка не е баш розова како што изгледа на прв поглед.

Аналитичарите сметаат дека во прва фаза ќе биде супер. Постарите ќе имаат малку повеќе пари за лекови, храна, комуналии. Тоа, секако, веднаш ќе донесе и некој поен повеќе за Владата кај оваа целна група.

Сепак, зад оваа прва фаза, онаа која делува добро, се крие малку позамрсен економски лавиринт.

„Пензискиот фонд и вака е на стаклени нозе“, вели економистот Ведран Кузмановски. „Ваквото дополнително зголемување можеби ќе ја поттикне потрошувачката, ама истовремено значи и дополнително задолжување на државата. А од тоа нема многу добивка за младите, кои ќе ја отплаќаат сметката во наредните години“.


Но, што велат другите аналитичари?

Александар Дојчинов, експерт за економски развој, вели дека иако пензионерите заслужуваат покачување, ваквата политика може да донесе дополнителни инфлаторни притисоци.

„Парите кои дополнително ќе им бидат дадени на пензионерите веројатно ќе бидат потрошени веднаш, а тоа значи раст на цените во продавниците“, предупредува тој.

И тоа веќе сме го виделе – секогаш кога ќе се зголеми побарувачката, трговците само трпеливо чекаат и веднаш реагираат со поскапување.

„Едноставно кажано – што добивате на мостот, може да изгубите на ќупријата“, забележува Дојчинов.


Другите, пак, сметаат дека од ова нема да профитира никој освен партиите, кои со ваквите популистички потези само си обезбедуваат гласови за следните избори.

„Кога ќе го погледнете на долг рок – не можеме баш да зборуваме за вистински економски придобивки“, вели Бојан Краљев, финансиски аналитичар.

„Доколку не се направат подлабоки реформи во пензискиот систем, секое зголемување е само лепење фластер на рана која крвави. А цената на тој фластер нема да ја платат пензионерите, туку идните генерации“.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.