Фронтменот на бендот „Манескин“, Дамијано Давид ги шокираше сите на концертот кога го опцу претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Манескин“ синоќа имаа концерт во Рим, а Дамијано со својот настап ги изненадил сите присутни.
Тој ја изведувал песната „Gasoline“ која е посветена на поддршка за Украина, а потоа се случила неочекуваната постапка на пејачот.
«Fuck Putin! Fuck war!»
— Популярная политика (@politica_media) July 10, 2022
Солист итальянской группы Måneskin Дамиано Давид послал Путина со сцены на концерте в Риме.
Музыканты исполнили трек Gasoline, отрывок из которого посвящен Украине. pic.twitter.com/PHnSnp4GBe
Италијанецот за време на песната го опцул Путин.
Постапката на Дамијано предизвикала реакции кај публиката, но и на социјалните мрежи, каде видеото на големо се споделува.
„Грозно“, „Не разбирам зошто го направи ова“, „Каков шок“, „Што му требаше ова?“, „Сега знае кој нема да има концерт во Русија“, „Чуден лик, подобро да пее и да се држи до својата работа“, се дел од коментарите.






