Џони Деп и неговата адвокатка успешно ја измамија целата јавност: Експерт за говор на телото ја открива вистината за нивниот однос

Точка

20/05/2022

23:42

22.847

Големина на фонт

а а а

Адвокатката на Џони Деп, Камил Васкез, стана една од популарните теми на светските портали по вкрстеното испрашување на Амбер Херд во судот во Вирџинија, особено по интимната прегратка со познатиот актер.

Што се крие зад блискиот однос на адвокатката и нејзиниот клиент, открива експерт за говор на телото.

И додека во текот на испрашувањето на Херд, „правниот орел“ како што ја нарекуваат Васкез, беше немилосрдна кон актерката, во односот со Џони Деп ја покажа својата далеку понежна страна. Нивната интеракција, поточно прегратките и погледот на адвокатката кон холивудската ѕвезда, го направи Џони да изгледа како „романтичен херој“ на суд. Да, токму како од некој негов стар филм, пишува „New York Post“.


Откако фотографиите и снимките од судницата се проширија на социјалните мрежи, започнаа гласини дека тие двајца се „нешто повеќе од соработници“. Меѓутоа, експерт за говор на телото тврди дека вистината е потполно поинаква и дека сè е изрежирано со цел Деп да се претстави како „помек и подопадлив“.

„Изгледа како флерт, но тоа е веројатно и поентата. Ако една слика кажува 1000 зборови, тогаш „овие зборови“ изгледаат како од страниците на „Mills & Boon““, вели експертката Џуди Џејмс за „Daily Mail“, мислејќи на издавачката куќа на љубовни романи.


„Нејзиното однесување го враќа Деп во улога на романтичен херој, а за неговите верни фанови овие драматични ритуали ќе изгледаат како потврда. Ако оваа паметна, убава жена мисли дека тој е добар, можеби навистина и е – така гласи пораката која се имплицира“, додала Џејмс.

На видеата можевме да видиме како Камил го прегрнува Џони, а потоа го гледа со сјај во очите. Сето тоа, како што вели експертката за говор на телото, се извежбани движења. Џуди напоменала дека и Деп има „своја улога“ на судењето, па така џентлменски го поместил столчето за Камил да седне, а потоа нешто ѝ шепотел на уво.


Актерот го прави сето тоа за да се претстави како понежна и посуптилна личност, потполно различна од насилникот како што го претставува Амбер и нејзиниот правен тим.


На филмските сцени, како што ги нарекува Џуди, им претходеше брутално испрашување за време на кое Камил инсистираше Амбер да објасни зошто нема докази за наводниот напад од март 2015 година, за што таа, меѓу другото, го обвинува актерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг