Турција и SpaceX потпишаа договор за лансирање на сателитот Турксат 6А

Точка

20/09/2021

18:54

12.821

Големина на фонт

а а а

Компанијата на Илон Маск, SpaseX потпишала договор со Турзија за лансирање на комуникациски сателит, Турксат 6А чија изработка и конечно пуштање во погон треба да биде финализирано до 2023 година.

Министерот за сообраќај и инфраструктура, Адил Карасимаилоглу соопшти дека Турција ги анализирала понудите и опциите на неколку компании и дека изборот на крај бил SpaceX која се покажла како најдобра компанија во технички, административни и финансиски аспекти.

Карасимаилоглу наведе дека фазите за производство, интеграција и тестирање на новиот турски сателит ќе се спроведуваат во Центарот за тестирање на вселенски системи во Анкара, а завршувањето на целиот процес се очекува да биде во 2022 година.

"Проектот ќе ја направи Турција уште една од 10-те земји кои можат да произведат сопствен комуникациски сателит. Се очекува дека Турксат 6А ќе биде лансиран во првото тромесечје на 2023 година", било соопштено.

Турција исто така во соработка со SpaceX го лансираше сателитот Турксат 5А во јануари 2021 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг