[ВИДЕО] Тројца Руси скокнале од стратосферата на Северен пол и поставиле светски рекорд, но нивната вистинска мисија била нешто сосема друго

Точка

20/04/2024

14:12

11.294

Големина на фонт

а а а

Тројца Руси го собориле светскиот рекорд за скок со падобран на Северниот пол, тестирајќи сателитска комуникација во арктичко окружување соочувајќи се со екстремни услови.

Во несекојдневниот потфат, тројцата Руси го собориле светскиот рекорд скокајќи со падобран од Земјината стратосфера на Северниот пол, истовремено тестирајќи нов арктички комуникациски систем, открил за агенцијата „Reuters“ организаторот на тој настан.

Михаил Корнијенко, Александар Линик и Денс Сефремов скокнале од авион „Ilyushin-76“ на 10.500 метри, искусувајќи повеќе од 2 минути слободен пад пред да ги отворат своите падобрани на само 1.000 метри над земјата. И покрај тоа што носеле маски, се здобиле со смрзнатини поради температурата од минус 70 степени во текот на спуштањето со брзина поголема од 300 километри на час.

Никита Тсаплин, организатор на настанот, открил дека тројцата слетале во близина на руската поларна база Барнео, каде со помош на дизел генератор успешно го активирале серверот и воспоставиле сателитска врска. Таа опрема претходно била распоредена на површината.

Нагласувајќи го се поголемото значење од арктички комуникации насред меѓународната конкуренција, Тсаплин ја нагласил експерименталната природа на нивниот комуникациски систем. Иако заостанува зад можностите на етаблираните пружатели на услуги како што е „Iridium Communications Inc“, Тсаплин го нагласил постигнатиот напредок.

Секако, нашето решение е прототип, ни сепак успеавме да се поврземе со нашиот сателит и да воспоставиме пренос на податоци, рекол тој.

Тсаплин, исто така извршен партнер и ко-осноач на рускиот пружател на хостинг услуги „РУВДС“, ја објаснил нивната цел. Секако, тоа сè уште не е „Iridium“, но направивме некои мали чекори во таа насока и тоа всушност и беше задачата – да се види колку е реално да се изгради евтино решение за пристап од компјутер на сателит.




Спонзорирани линкови

Маркетинг