НАСА планира намерно да направи судир помеѓу летало и астероид со цел да се спаси Земјата од апокалипса

Точка

17/09/2021

20:15

13.589

Големина на фонт

а а а

НАСА планира намерно да предизвика судир помеѓу летало и астероид за да направат проба за спасување на Земјата од евентуална апокалипса предизвикана од ударот кон астероидот.

Американската вселенска агенција планира да ја лансира оваа мисија за да ги тестира методите смислени за потенцијална промена на патувањето на астероидот кој се движи кон Земјата. Предвидениот проект би се активирал само доколку е потребно во иднина, односно доколку таков астероид биде откриен.

Проектот е именуван како DART, односно "Double Asteroid Redirection Test", а почнува на 24 ноември.

Доколку дојде до непредвидени активности во врска со програмата, тогаш ќе почне во февруари 2022 година.

После една година патување, леталото ќе дојде до астероидот Диморфос со средна големина, кој орбитира околу многу поголемиот астероид Дидимос.

Мисијата подразбира судар на DART леталото и астероидот при брзина од 6,5 километри на час, а големината на леталото е колку големина на автомобил и е тешко три тони.


Ако сѐ се развива според планот, Диморфосовата орбита која трае речиси 12 часа ќе биде променета.

Предвидено е пет години подоцна, мисијата Хера која ја испланира Европската вселенска агенција ЕСА, да ја анализира ситуацијата за да се потврди дека планот е успешен.

Сударот би требало да има помал тек на ефект на астероидот, но доволно астероидот да се отстрани од патувањето кон Земјата.

Меѓутоа, оваа метода е ефикасна само доколку однапред се знае дека астероидот доаѓа.


Од НАСА тврдат дека целта на програмата е да се спрече природна катстрофа, секако, доколку се забележи некакво наговестување.

Кога DART ќе удри во Диморфос, енергијата на ударот ќе биде еднаква на експлозија на три ТНТ експлозиви, а резултатот ќе биде распрскување на астероидот на илјада парчиња во веселената.

Ударот нема веднаш да создаде забележлива промена во орбитирањето на Диморфос, туку промените ќе бидат воочливи неколку дена после експлозијата. Крајната цела на мисијата е да послужи како спас на Земјата од апокалипса.




Спонзорирани линкови

Маркетинг