Глумицата Роуз Мекгован, позната по улогата во серијата "Волшебнички", каде ја толкуваше улогата на една од сестрите, Пејџ неодамна искоментирала за славната водителка Опра Винфри и тоа не во позитивен контекст.
Имено, глумицата ја обвини водителката дека давала лажна поддршка на женското движење "Me Too". Таа во критичната објава на социјалните мрежи рекла дека ѝ е драго што ја гледаат "грдата вистина".
"Драго ми е што повеќе луѓе ја гледаат грдата вистина", напишала Роуз на Твитер покрај фотографијата на Опра на која позира и се смее покрај Харви Вајнштајн.
"Би сакала да е искрена, но не е. Од пријателство со Вајнштајн до напуштање и уништување на жртвите на Расел Симонс, таа ја поддржува болната структура на моќта која ја прави за лична корист, фолирантка е колку и сите тие", порача глумицата.
Да се потсетиме, Роуз Мекгован беше една од жртвите на Харви и првата жена која го обвини за силување. Иако Вајнштајн негирал дека имал било каков "секс без согласност", тој во 2020 е прогласен за виновен.
На почетокот на минатата година, Опра го напушти местото на извршен продуцент на документарниот филм за Расел Симонс под насловот "On The Record", бидејќи музичкиот могул ја продолжи борбата против обвиненијата на негова сметка.
"Сакам да се знае дека им верувам на жените и ги поддржувам. Нивните приказни заслужуваат да се раскажат и да се слушнат. Според мене, на филмот треба уште да се работи да се обелоденат сите работи кои ги претрпеле жртвите, но беше јасно дека авторите и јас не сме согласни во таа креативна визија", рекла Опра.
Инаку, музичкиот могул Расел Симонс исто така беше обвинет за силување и сексуално злоставување. Тој ги негирал обвиненијата на 20-те жени и не беше во центарот на вниманието во последните години.