(Епизода 11) „Дали сте знаеле дека“ - со Ана Бунтеска: „На симпатијата од пуста трема му се претставив како Маја“

Точка

03/07/2021

00:46

2.962

Големина на фонт

а а а

„Дали сте знаеле дека“ - рубрика на Точка која веројатно веќе добро ви е позната. А, за оние кои не знаат за што се работи - тука може да откриете интересни непознати факти за приватниот живот и кариерата на македонските познати личности.

Ана Бунтеска, која речиси воопшто не се појавува во медиуми, не гостува во телевизиски емисии, на наше огромно задоволство е дел од рубриката „Дали сте знаеле дека“. 

Денеска ќе запознаете една сосема нова Маја. Пардон, Ана. Бунтеска од друг агол. Кога побаравме од неа да нѝ открие 10 непознати (за јавноста) нешта од нејзината приватност, првично нѝ одговори дека 'има здодевен живот и сигурно ништо не би било толку интересно за споделување'.

Но, откако ќе го погледнете видеото, и сами ќе се уверите во спротивното. Интересен живот на поетеса која се крие зад дебелите корици на своите уникатни пишани дела.

Штом ја победи фобијата од јавен настап (после случката која нѝ ја раскажува и во рубриката), со задоволство ќе ви донесеме некое забавно и многу искрено интервју со Бунтеска. Дотогаш, во 11-та епизода ви носиме интересни факти кои сигурно не сте ги знаеле за неа.

Уште еднаш - сигурно не сте ги знаеле.

Навидум срамежлива и повлечена, сокриена зад пишаниот збор кој допира до огромна публика, Ана е лик каков што секој би посакал да има во животот. Би ја опишале како темперамента, искрена, многу шеговита, полна позитива, оптимизам и љубов.

Ана Бунтеска на денешното 'Точка мени'.


Автор: Цеце Николова
Монтажа: Ненад Смиљковиќ


Ако сте пропуштиле некоја од епизодите, во продолжение детален преглед од сите 10.

ЕПИЗОДА 1: „Дали сте знаеле дека“ - со Димитар Атанасовски

ЕПИЗОДА 2: „Дали сте знаеле дека“ - со Бојан и Марија, директно од Лондон: „Ние сме 14 години разлика. На почетокот беше скандалозно, но потоа...“

ЕПИЗОДА 3: „Дали сте знаеле дека“ - со Тијана Скулиќ: „Возам кола скришно 15 години, среќа што...“

ЕПИЗОДА 4: „Дали сте знаеле дека“ - со Дани Димитровска: „На 8 години пелтечев, бидејќи не можев да кажам Р“

ЕПИЗОДА 5: „Дали сте знаеле дека“ - со Владо Јаневски: „Тоше во неколку наврати имаше кажано дека сум му омилен текстописец и затоа...“

ЕПИЗОДА 6: „Дали сте знаеле дека“ - со Тања Кочовска: „3 пати сум мажена и пијам апчиња за притисок, шеќер и холестерол“

ЕПИЗОДА 7: „Дали сте знаеле дека“ - со Татјана Стојановска: „Додека не го испијам првото кафе не сум пожелна за комуникација“

ЕПИЗОДА 8: „Дали сте знаеле дека“ - со Дарко Влогс: „Двапати се обидов да се самоубијам“

ЕПИЗОДА 9: „Дали сте знаеле дека“ - со Жарко Димоски: „На една претстава ми се скрши рачката од метлата и одлета кај еден господин од публика“

ЕПИЗОДА 10: „Дали сте знаеле дека“ - со Нора Шаќири: „Кога се откажав од природно оплодување и кога договоривме термин за ин витро, јас всушност останав бремена“



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk