(Епизода 10) „Дали сте знаеле дека“ - со Нора Шаќири: „Кога се откажав од природно оплодување и кога договоривме термин за ин витро, јас всушност останав бремена“

Точка

23/06/2021

21:54

6.115

Големина на фонт

а а а

Среда е и време е за новата епизода на „Дали сте знаеле дека“. Нора Шаќири е име кое сигурно барем еднаш досега некаде сте го слушнале, а на истото сега само додадете му Марковиќ.

Поранешната водителка и новинарка, мајка на Ијан, сопруга на Марко Марковиќ, сестра на Бени Шаќири - е нашиот раскажувач во 10-та епизода на „Дали сте знаеле дека“.

Иако Нора одамна се повлече од јавната сцена и се посвети на семејството и на 'помирна' професија, мора да признаеме дека секогаш успева да ѝ го привлече вниманието на јавноста.

Шаќири Марковиќ важи за личност која секогаш без влакна на јазикот гласно ќе си го каже својот став и мислење, колку тоа и да не му се допаѓа некому.

Кога ја поканивме да биде нашиот овонеделен раскажувач во „Дали сте знаеле дека“, поранешната водителка рече: „Па добро, има ли нешто што луѓево не го знаат за мене?“.

И да, секој од нас длабоко во себе чува тајни само за себе и за најблиските, но, сепак, успеавме да дознаеме и нешто ново за Нора, кое прифати да го сподели со публиката на Точка.

Нора Шаќири Марковиќ на денешното 'мени' на Точка ТВ.


Автор: Цеце Николова
Монтажа: Ненад Смиљковиќ



ЕПИЗОДА 1: „Дали сте знаеле дека“ - со Димитар Атанасовски

ЕПИЗОДА 2: „Дали сте знаеле дека“ - со Бојан и Марија, директно од Лондон: „Ние сме 14 години разлика. На почетокот беше скандалозно, но потоа...“

ЕПИЗОДА 3: „Дали сте знаеле дека“ - со Тијана Скулиќ: „Возам кола скришно 15 години, среќа што...“

ЕПИЗОДА 4: „Дали сте знаеле дека“ - со Дани Димитровска: „На 8 години пелтечев, бидејќи не можев да кажам Р“

ЕПИЗОДА 5: „Дали сте знаеле дека“ - со Владо Јаневски: „Тоше во неколку наврати имаше кажано дека сум му омилен текстописец и затоа...“

ЕПИЗОДА 6: „Дали сте знаеле дека“ - со Тања Кочовска: „3 пати сум мажена и пијам апчиња за притисок, шеќер и холестерол“

ЕПИЗОДА 7: „Дали сте знаеле дека“ - со Татјана Стојановска: „Додека не го испијам првото кафе не сум пожелна за комуникација“

ЕПИЗОДА 8: „Дали сте знаеле дека“ - со Дарко Влогс: „Двапати се обидов да се самоубијам“

ЕПИЗОДА 9: „Дали сте знаеле дека“ - со Жарко Димоски: „На една претстава ми се скрши рачката од метлата и одлета кај еден господин од публика“




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk