Родителите на 6-годишната Јана со потресна исповед: „Ситуацијата ѝ се влоши по истекување на половина од инфузијата“

Вечерва на ТВ Сител се емитуваше интервју со Стојче и Кристина, родители на 6-годишната Јана која почина во битолската болница по примање на инфузија. Официјална причина за смртта сè уште нема бидејќи се чекаат резултатите од обдукцијата, но родителите се убедени дека станува збор за лекарска грешка.