Се гради „ѕид од дрвја“ долг 8.000 километри: Ќе го раздвои континентот, но ќе нахрани милиони луѓе
Додека светот се бори со последиците од климатските промени, африканските земји спроведуваат еден од најамбициозните проекти за обнова на природата во историјата. Станува збор за „Големиот зелен ѕид“, иницијатива што се протега од брегот на Атлантскиот Океан во Сенегал до Џибути на Црвеното Море, опфаќајќи околу 8.000 километри низ Сахеловиот Појас.








