Поранешниот сопруг ја добил куќата, а таа само дел од дворот, погледнете што направила од инает
Една од најтесните куќи во светот се наоѓа во американскиот Сиетл, а зад нејзиното настанување се крие необична приказна за развод и одмазда. Според приказната што со години се прераскажува, сè започнало во 1925 година, кога судот по разводот на еден брачен пар му ја доделил семејната куќа на сопругот, а на неговата поранешна сопруга ѝ оставил само мал, триаголен дел од дворот.








