Извесна Романка камен тежок 3,5 килограми го користела како држач за врата: Не можела ни да „сонува“ дека од него може да заработи милиони

Една старица од Романија со децении користела голем камен како држач за врата, не знаејќи дека во својот дом чува едно од највредните природни богатства некогаш пронајдени во таа земја. Дури по нејзината смрт било откриено дека станува збор за огромно парче килибар, чија вредност се проценува на околу еден милион евра.