„Цело време плачев, не се осеќав своја кога Киан цицаше“: Антониа Гиговска искрена во поткастот на Лазаров

„Одеднаш од личност што има настапи секој ден во различен град, јас сум во една соба затворена, сè е на мене, тој мора да цица, јас мора да му дадам млеко, а не се осеќав своја кога Киан цицаше. Цело време плачев. Дали е тоа затоа што беше премногу стрвен, сакаше да цица на пола саат, а јас не бев спремна да го дадам тоа некако. И тогаш си реков дека не мора да правам ништо, си ставив во главата дека не сум помалку мајка ако детето не цица. Мора да е само најадено, да е среќно, да не плаче, зашто многу плачеше“.