Научниците за првпат го снимија морското чудовиште со најбрз загриз на светот! Опасно суштество од времето на диносаурусите сè уште го демне океанското дно

Научници, за време на две одделни експедиции, спуштиле подводни дронови до дното на океанот и таму откриле едно од најнеуловливите суштества од морските длабочини. Овој „жив фосил“, познат по најбрзиот загриз меѓу животните, за првпат е снимен во своето природно живеалиште.