Облаци камена прашина и силна бучава се шират од рудникот во Бразда, жителите очајни: Заробеници сме во сопствените куќи

Жителите на скопското село Бразда половина година страдаат од силна бучава и камена прашина што се крева од каменоломот на Градежното друштво „Гранит“, што ги прави заробеници во сопствените куќи. Тие се жалат на неподносливите услови и ја побараа помошта од повеќе институции, а мерењата покажуваат надминување на дозволените граници за загадување и бучава.