Рок-кралицата Дани Димитровска го претстави новиот сингл - „Заедно“

Рок-иконата Дани Димитровска го претставува својот најнов сингл „Заедно“, композиција што проговорува за потребата од промена, доверба и заедништво. Песната носи моќна порака за нов почеток и потсетува дека напредокот е можен само кога веруваме – и во себе, и еден во друг.