Дожд, корозија и несоодветна документација… што го урна настрешникот во Нови Сад: нова анализа

Експертите од Градежниот факултет во Белград, доцентката Сања Фриц и редовната професорка Јелена Добриќ, ја анализираа достапната документација за уривањето на настрешникот на железничката станица во Нови Сад и, гостувајќи во поткастот „Сфера“, открија исклучително загрижувачки информации.