Песната „Немир“ - еден од најемотивните дуети на македонската музичка сцена, оригинално изведена од Тоше Проески и Каролина Гочева, доби нова, свежа верзија. Овојпат во изведба на пејачот Денис Димоски и малата Ива Пауновиќ, која со својот детски шарм и чист глас внесе посебна топлина во песната.