Николоски: 200.000 нови патници во Македонија со новата финансиска поддршка за нови авио дестинации

„Следната недела планираме да распишеме нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авио дестинации за периодот од јануари 2025 до декември 2027 година, преку нова Уредба со која ја зголемуваме финансиските поддршка на 375 милиони денари и очекуваме да привлечеме дополнителни 200 илјади нови патници во Македонија“, истакна на денешната прес-конференција, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.