Погледнете ја драматичната снимка од моментот кога бродот удира во мостот во Балтимор: Конструкцијата се урна како „кула од карти“

Страотната несреќа се случила кога товарен брод под знамето на Сингапур го напуштил пристаништето Балтимор околу 01:00 часот. За жал, набрзо удрил во мостот, предизвикувајќи целата структура да се сруши во водата. На социјалните мрежи беа објавени неколку видеа од ударот на бродот во мостот „Френсис Скот Ки“. Како што може да се види на снимките, на мостот било доста прометно во моментот на ударот.