Штериева за „Каде се парите?“: Падот на Еурибор автоматски ќе се пренесе кај каматите за девизните кредити

Во оној момент кога ЕЦБ ќе го прогласи првото намалување на каматните стапки, пазарите во Европа веднаш ќе реагираат и тоа ќе се рефлектира врз шестмесечниот Еурибор. За кусо време потоа, промената ќе се рефлектира и врз каматните стапки за девизните кредити што ги користат клиентите на македонските банки, изјави Маја Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација, во гостувањето на поткастот „Каде се парите?“.