НБА Топ 10: Дончиќ со магична асистенција изнуди аплаузи од соиграчите, Дероузен е број еден

Новите средби во НБА лигата беа одбележани од домашните екипи кои забележаа пет победи на деветте натпревари. Од овие соочувања беа избрани најубавите моменти и спакувани во едно видео, топ 10 листата на која го имаме Дончиќ со луцидна асистенција со која ги крена на нозе соиграчите од клупата, центарот Вајзмен во акција со неколку мајстории, Џејмс кој продолжи да дели супер атракции, но број еден е Дероузен од таборот на „биковите“.