Снимка од прес-конференција во градското собрание на Њујорк предизвика внимание на социјалните мрежи, откако поединци тврдеа дека на неа се гледа нешто „невообичаено“.
Во центарот на бизарната теорија на заговор се најде Џордан Рајт, 32-годишен демократски пратеник, кој го претставува 70-тиот изборен округ, вклучувајќи дел од Харлем.
SHOCK VIDEO: for the first time ever demons, crossing the astral plane into our dimension, has been caught on film in New York City.
The creatures were caught on film during a televised meeting of the communist party.. https://t.co/b1GpXbUafL
— Alex Jones (@RealAlexJones) November 22, 2026
Лавина од коментари на интернет
Снимката е направена во петокот, за време на прес-конференција на која градоначалникот Зохран Мамдани им се обратил на новинарите во врска со планот за затворање на градскиот затвор на островот Рајкерс.
Во еден момент, во заднината се гледа Џордан Рајт како трепка и, како што изгледа, ги превртува очите нагоре. Токму тој момент предизвика лавина од коментари на интернет, пренесува „New York Post“.
Поединци кои ја споделувале снимката изнеле бизарно објаснување дека демократскиот политичар всушност е „рептил преправен во човек“.

Еден од нив напишал дека тоа е „начинот на кој трепкаат гуштерите“, додека други отишле чекор подалеку, сугерирајќи дека „меѓу луѓето живеат вонземјани какви што се појавуваат во филмот „Men in Black““.
Снимката ја објавил и теоретичарот на заговори Алекс Џонс, кој ја споделил на социјалната мрежа „X“. Тој имал свое толкување: „За првпат во историјата, демони кои ја преминуваат астралната рамнина и влегуваат во нашата димензија се снимени со камера во Њујорк“, напишал тој.
„Немам поим што се случува“
Откако необичните тврдења се прошириле на интернет, Рајт одлучил да се огласи. Тој истакнал дека ни самиот не може да објасни што точно се случило во моментот забележан со камерата.
„Немам поим што се случува на таа снимка. Навистина не сум сигурен“, изјавил тој.
Политичарот ги отфрлил инсинуациите дека „не е човек“, истакнувајќи ја својата работа во Собранието на сојузната држава како доказ за својата човечност, пренесува „Unilad“.

„Очигледно е дека сум човечко суштество, а мојата човечност може да се види преку законите што ги предлагам и поддржувам, како што е издвојувањето четири милиони долари за Центарот за еколошка правда на организацијата „WE ACT“ во Харлем“, изјавил тој.
Теоријата на заговор според која „одредени политичари се кријат зад човечки изглед, додека всушност се рептили“, станала популарна во текот на 20 век. Според верувањата на нејзините приврзаници, рептилските суштества наводно „живеат меѓу луѓето и од сенка влијаат врз општеството и политичките настани“.
















