Почина охридскиот бизнисмен Бошко Илоски, познат како Бошко Ремис

Точка

22/11/2026

17:29

658

Големина на фонт

а а а

Бошко Илоски, познат во Охрид по градежната компанија „Ремис“ и семејниот бизнис во туризмот, почина по кратко боледување. Погребот ќе се одржи во вторник, 24 ноември.

Охридскиот бизнисмен Бошко Илоски, познат како Бошко Ремис, почина денеска, 22 ноември, по кратко боледување, објави Охридњуз.

Неговото име со години беше поврзано со градежната компанија „Ремис“. Покрај градежништвото, семејниот бизнис на Илоски се развиваше и во туризмот и угостителството, со хотели и угостителски објекти. Меѓу нив е и комплексот „Инекс“.

Бошко Илоски, познат како Бошко Ремис

Бошко Илоски (Бошко Ремис). Фото: Охридњуз

Илоски е роден на 23 јануари 1963 година. Веста за неговата смрт беше објавена и на инстаграм-профилот на Охридњуз.

Според објавените информации, погребот ќе се одржи на 24 ноември, вторник, во 12:30 часот, на градските гробишта во Охрид.