За прв пат во 2027 година, сумата за исплата на пензии ќе надмине 2 000 000 000 евра (две милијарди евра). Пензиите ќе се зголемуваат но “редовно“ според законското усогласување.
Буџетот на државниот ПИО надмина 2 560 000 000 евра а на државниот ФЗО се доближи до 1 000 000 000 евра, пишува Порталб.мк. Како ќе се полнат и празнат касите на двата најголеми државни фондови во 2027 та година ?
Трошењата на ФЗО и на ПИО се зголемуваат во 2027, расте сумата за исплата на здравствена заштита и за пензии
Буџетот на Фондот за здравствено осигурување се зголемува на 985 054 000 евра, при што најголем дел расходите во износ од 843 000 000 евра се резервирани за ставката “стоки и услуги“ која ги опфаќа и исплатите на ФЗОМ кон здравствените установи и по основ на здравствена заштита.

“Здравствената заштита е планирана на ниво од околу 58,7 милијарди денари, средства кои ќе се реализираат преку Фондот за здравствено осигурување, најголем дел од планираните средства се наменети за финансирање на здравствените услуги и непречени исплати кон јавните здравствени установи“ – се наведува во Предлог-Буџетот за 2027 година.
Ова значи дека според намена на парите , скоро 953 000 000 евра следната година ќе се потрошат за здравствени услуги на граѓаните и исплати кон здравствените институции, сума која во однос на годинава е зголемена за 60 000 000 евра. Ставката пак “социјални бенефиции“ во однос на годинава е нешто повисока, проектирана на ниво од 113 036 000 евра. Кај државниот здравствен фонд “капиталните расходи“ се повеќе од двојно зголемени, следната година на ниво од скоро 17 000 000 евра.
Буџет на ФЗОМ 2027
Вкупен буџет 985 053 262 евра
Стоки и услуги 842 791 850 евра
Социјални бенефиции 113 035 714 евра
Капитални расходи 16 948 051 евра
Извор : Предлог-буџет 2027
Следната година во однос на оваа, буџетските трансфери до ФЗОМ се зголемуваат на скоро 139 000 000 евра додека трансферите до државниот ПИО остануваат исти, на ниво нешто повисоко од 1 000 000 000 евра.

Буџет 2027
Трансфер од Буџет до ПИО 1,019,772,727
Трансфер од Буџет до ФЗО 138 961 038
Извор : Предлог-буџет 2027
Буџетот на Фондот за пензиско осигурување следната година ќе изнесува 2 568 900 000 евра, што е за дури 118 000 000 евра повеќе од годинава. На приходната страна се очекуваат повисоки приходи по основ на придонеси од плата, износ од скоро 1 500 000 000 евра.
Буџет на ПИО 2027
Вкупен буџет 2 568 884 139 евра
Плати и надоместоци 7 731 542 евра
Стоки и услуги 3 323 051 евра
Капитални расходи 730 519 евра
Социјални бенефиции ( пензии) 2 556 672 077 евра
Извор : Предлог-буџет 2027
На расходната страна на Буџетот на ПИОМ , во однос на годинава има пораст кај сите ставки, па така за исплата на плати и надоместоци сумата се зголемува на скоро 7 732 000 евра а износот за “стоки и услуги“ е планиран на повеќе од 3 323 000 евра. Сумата за “социјалните бенефиции“ кои практично ги опфаќаат пензиите, следната година во однос на годинава се зголемува за 117 200 000 евра, надминувајќи износ 2 556 000 000 евра.

Според новите буџетски прогнози за економската 2027 година, пензионерите може да очекуваат ‘редовно’ зголемување на пензиите.
“Растот на приватната потрошувачка ќе биде резултат на повисокиот расположлив доход на домаќинствата, во услови на очекуван солиден раст на платите, дополнителен раст на бројот на вработени, редовно зголемување на пензиите... За исплата на пензии планирани се 123,8 милијарди денари, со вклучен ефект за усогласување на пензиите, согласно законско решение, “ – се наведува во новиот буџетски документ.
Во 2027 та вкупната сума за исплата на пензии за прв пат ќе надмине 2 010 000 000 евра и ќе биде повисока за 4,8% во однос на сумата во ребалансираниот Буџет за годинава. За капитални расходи, ПИОМ ќе има сума нешто повисока од 730 000 евра која во однос на годинава е намалена за околу 17 000 евра.
















