Неговиот љубовен живот е прилично бурен, а не му се туѓи ниту јавните испади со играчки за возрасни. Познатиот фудбалер Кристијан Пулишиќ повторно е во центарот на вниманието, а причината повторно е од интригантна природа.
Пејачката на хитот „Tennessee Orange“, Меган Морони, била забележана на 18 октомври како ја напушта забавата по модната ревија на „Victoria’s Secret“, во ресторанот „Craig’s“ во Западен Холивуд. На екранот на нејзиниот телефон, кој бил видлив, се наоѓала фотографија на која таа седи прилепена до фудбалерот со хрватско потекло.
На фотографијата, 29-годишната Морони носи розов топ со длабоко деколте и го прегрнува фудбалерот Пулишиќ, кој е облечен во бела маица, пишува E!news.
Ова се случува три месеци откако за првпат се појавија гласини дека оваа ѕвезда на кантри-музиката е во врска со 28-годишниот Пулишиќ. Во јули биле видени заедно во еден бар во Нешвил, а подоцна спортистот и неговиот братучед присуствувале на концертот на Морони на Флорида.
Иако Морони, која претходно беше поврзувана со Морган Волен и Рајли Грин, изјавила дека во тој момент е слободна, нагласувајќи дека во нејзиниот живот „нема маж“, пејачката навестила дека би можела повторно да се врати во „светот на запознавањето и состанувањето“.
„Има нешто возбудливо во тоа кога некој ти се допаѓа. Кога во октомври ќе заврши мојата турнеја и кога ќе се вратам од Европа, можеби повторно ќе почнам да барам некого“, изјавила таа претходно за магазинот „Cosmopolitan“ и додала: „Доаѓа есента, време кога луѓето почесто започнуваат врски, но во моментов многу ми одговара тоа што пријателите и семејството се покрај мене и што тој аспект од мојот живот не претставува никаков проблем“.
Сепак, постои една работа што за Морони е апсолутно неприфатлива во врската. „Она што најмногу ме одбива е недостигот од комуникација“, изјавила таа за „E!news“.
За поранешната девојка има само пофални зборови
Пулишиќ раскина со Алекса Мелтон претходно оваа година.
„За неа мислам само најдобро“, изјавил тој во интервју за магазинот „Time“, објавено во мај, и нагласил: „Беше многу забавна и ми даваше поддршка во секој поглед. Сакаше да ме поттикне повеќе да уживам во животот, да правиме работи заедно, но и воопшто да бидам поактивен. Ѝ бев благодарен за тоа“.
Таа врска траела од 2024 година. Раскинувањето накратко го следеше скандал, кога Алекса на Инстаграм навестила дека фудбалерот ја изневерувал и дека ја користел апликацијата за запознавање „Raya“ пред да раскинат. Сепак, само неколку дена подоцна ги повлекла своите зборови, јавно се извинила и објаснила дека добила лажни информации.
Кон крајот на 2025 година фудбалерот беше поврзуван со актерката Сидни Свини, што тој го демантираше преку Инстаграм.
Незгода со лисиците
Кристијан Пулишиќ беше вистински хит на социјалните мрежи кога за време на интервју за популарниот американски фудбалски подкаст „Men In Blazers“ покажа играчки за возрасни.
Пулишиќ даваше интервју преку видеоповик од удобноста на својот дом. Додека сериозно зборуваше за тоа како користи два мобилни телефони за да ги избегне негативните коментари и токсичноста на социјалните мрежи, навивачите забележаа ремени над неговиот кревет, кои изгледаа како лисици за врзување.
„Братот опуштено држи БДСМ-опрема на креветот за време на интервјуто и воопшто не се срами“, „Педесет нијанси на Пулишиќ“, „Изгледа дека Кристијан навистина донел паметна одлука што не ги користи социјалните мрежи, бидејќи сега би се шокирал“, беа некои од коментарите.
Фудбалерот не го коментираше тоа јавно, а некои претпоставија дека станувало збор за специјални фитнес-ремени или медицински ленти за истегнување и закрепнување на мускулите, кои спортистите често ги прицврстуваат за тешки парчиња мебел за да можат да вежбаат дома. Други и понатаму веруваат во верзијата на приказната поврзана со БДСМ.










