Згодната водителка уште еднаш докажа дека годините за неа се само бројка. Таа на Инстаграм објави воодушевувачка компилација од жешки фотографии.
Иако има 55 години, британската водителка Аманда Холден со своите објави, но и со својот заводлив изглед, ги руши сите предрасуди за жените во шестата деценија. Таа често е активна на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и деловен живот, а објавите кои го прикажуваат нејзиниот атрактивен изглед, привлекуваат големо внимание во јавноста.

Така на Инстаграм, таа неодамна објави жешка компилација од фотографии во жолто бикини, а нејзината витка фигура и исончана кожа беа во преден план.
Судејќи според достапните информации, водителка е во Абу Даби, каде што ужива во сончевите денови и заслужениот одмор.

Корисниците на оваа социјална мрежа беа воодушевени од глетката, а во коментарите напишаа пофалби за нејзиниот младешки изглед.
„Прекрасна“, „Не можам да верувам како изгледаш...“, „Сакам да имам вакво тело кога ќе наполнам 55 години“, беа само дел од коментарите...















