Клековски за Михаилова: бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум, нема здравствен случај

Макфакс

14/10/2026

15:20

2.650

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Сашо Клековски, смета дека обвинетата за сообраќајна несреќа со еден загинат, Ива Михаилова, избегала оти бугарски лекари кои би можеле да потврдат дека кај неа нема здравствен случај, доаѓаат во Кочани. Клековски најави дека патува во Софија и дека таму ќе разговара и за овој случај.

„Јас мислам дека бегството е од поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум тука. Тој требаше да заедно со македонските лекари ги провери наодите на лицата, а мислам дека тогаш ќе излезеа работите на виделина какви се. Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното министерство за тоа бидејќи во основа таму нема здравствен случај“, рече министерот Клековски денес по посетата на болницата во Штип.


Ива Михаилова минатиот викенд избега во Бугарија и за медиумите таму кажа дека дошла на лекување по сообраќајката од минатиот октомври во која загина едно лице, а неколкумина беа повредени и покрај забраната за излегување од државава. Обвинителството ја гони оти на патот Кочани – Штип преминала на спротивната лента, и со голема брзина удрила во возилото во кое бил починатиот.

МВР за Михаилова распиша централна и меѓународна потерница, а судот во Кочани ѝ одреди 30 дена притвор.